electric.socksx616

Веќе ниту урината не може да се фрли на раат бидејќи и за нејзе се најде употребна вредност и тоа преку ништо друго туку чорапи.

Се работи за интересен концепт за „чорапи“ (затворени садови поставени околу нозете) кои во себе содржат урина. Со помош на движењето на човекот и стискањето на ногата надоле се притиска урината и се испраќа нагоре низ систем на цевчиња. Потоа доаѓа до место каде се наоѓаат бактерии кои хранејќи се од нејзе произведуваат електрична енергија.

Тимот на научници кој го постигна ова е од Универзитетот од Западна Англија, а водачот е Јоанис Јеропулос. Тие имаат направено неколку уреди кои работат на ваков тип на „микробни горивни ќелии“, меѓу кои телефон, испраќач на радиобранови направен од хартија и 3Д испечатено роботско срце.

Главната идеја е, секако, да се има уред кој може да се користи во критични ситуации како војни, губења и несреќи. Енергијата која ја произведуваат чорапите не е импресивна, но во таква ситуација може да направи разлика и да дозволи да се испрати порака, на пример. Се` уште нема разработен систем за достава на урината во чорапите, но веруваме дека ќе се снајдете ако дојде до таква ситуација.

Извор: Technology Review, TechTimes

Претходна статијаHolovect – еднобоен холограм, кој не носи чекор поблизу до научната фантастика
Следна статијаПрви информации за Microsoft Lumia 650 – ново име, стар телефон?