150930160349-city-lab-mx-exlarge-169

Некои од вас можеби погледнале фотографии или видеа од Припјат, украинскиот град на границата со Белорусија каде што се наоѓаше ноторниот реактор кој во 1986 година предизвика нуклеарна катастрофа и беше затворен. Припјат е денес затворен за генералната јавност и е буквално град-дух.

Нешто слично ќе биде и со CITE (Center for Innovation, Testing and Evaluation), град кој се гради во Ново Мексико и кој ќе нема луѓе кои ќе живеат во него. За разлика од Припјат, овој град ќе има по некој човечки посетител (поточно, неколку илјади) кои ќе испитуваат нови технологии во него.

Токму тоа е идејата на CITE. Имено, не сите нови технологии можат да се тестираат безбедно во реални услови пред да бидат испратени на пазарот. Тука би влегле автономни автомобили, паметни домови и слично. Затоа, на производителите и тестирачите на таква технологија сега ќе им биде изграден град кој ќе наликува на типичен модерен град, со болница, полициска станица, куќи и други градби.

construction-is-slated-to-begin-this-year-and-cite-could-be-up-and-running-by-2018-cnn-reports

Под градот ќе постои инфраструктура која ќе го поврзува и набљудува, составена од енергија, вода и податоци. Ќе постојат повеќе различни површини кои ќе бидат искористени за тестирање на конкретни домени на технологии како енергија, развиток, вода, земјоделие и други.

above-ground-cite-will-include-several-field-labs-for-research-and-testing-also-broken-down-into-specific-districts-water-agriculture-energy-and-development

Нормално, ќе постои и кампус во кој ќе работат истражувачките тимови, а кој ќе биде одделен од градот за да не смета на тестирачките активности. Се` на се` ова ќе биде мал по големина типичен модерен град без луѓе кој би бил милина да се посети на кратко пред да почне да ви се појавува језа поради разноразни роботизирани посетители без ниту еден човек на повидок. Од каде да знаеме, можеби баш CITE ќе биде зачетокот на крстоносната роботска војна против човештвото!

Извор: TechInsider, CNN

Претходна статијаДали технологијата ја убива креативноста ? – Дел од темите на AllWeb конференцијата
Следна статијаXiaomi претстави свој Segway скутер