A mouse's memory is recorded by sensors connected to its head in a laboratory in East China Normal University in Shanghai April 25, 2005. Scientists at East China Normal University are researching the formation of memory in the brain as part of efforts to learn more about the nature of human intelligence. - RTXNFAF

 

A mouse's memory is recorded by sensors connected to its head in a laboratory in East China Normal University in Shanghai April 25, 2005. Scientists at East China Normal University are researching the formation of memory in the brain as part of efforts to learn more about the nature of human intelligence. - RTXNFAF

Изгледа дека носачите на алуминиумски капи наскоро ќе имаат работа за надградба на нивните напредни антиконтролни уреди, бидејќи научниците успеаа со помош на уреди безжично да ги контролираат експерименталните глувци.

Се работи за мозочен имплант кој научниците го имаат сместено во мозоците на експерименталните глувци, кој пак е оптофлуиден. Имплантот на себе има безжична антена, батерија, резервоар за супстанци и минијатурни LED светла со кои пушта сигнали кон мозокот на глувците (кои пак предходно биле генетски изменети за нивните неврони да реагираат на светлина). Научниците направиле неколку експерименти во кои успешно демонстрираат контрола врз однесувањето.

На пример, во едниот експеримент, преку инјектирање на супстанца слична на морфиум во делот од мозокот кој е одговорен за мотивација и зависност, тие ги натерале глувците да се вртат во кругови. Во друг експеримент тие успешно предизвикале глувците да останат на едната страна од кафезот преку пуштање светло низ диодите на точно одредени неврони. Оддалеченоста на глувците од антената била одприлика 1 метар.

Според научниците, ваквата техника ќе може да овозможи минимално инванзивни сонди кои би третирале невролошки болести како зависност, стрес, депресија, болка, епилепсија и слично. Ова е поради тоа што при анализа тие утврдиле дека ваквиот метод доста помалку го оштетува мозочното ткиво на глувците него оптичките влакна или методи со електроди. Од друга страна, минијатураизацијата на технолошките алатки може да доведе до дистописка иднина каде вградувањето на ваква контролирачка сонда ќе се оствари преку нанороботчиња, подвргнувајќи го под контрола нивниот домаќин.

Извор: RT, Sydney Morning Herald

Претходна статијаНаучниците „пронајдоа“ материјал кој нема да се стопи ни од Земјиното јадро
Следна статијаНекои од Google автомобилите почнаа да снимаат воздушно загадување