Shutterstock.com

Секако не се работи за прва ваква технологија, но развојот на истата од страна на компанија како Bosch покажува во кој правец ќе одат работите во иднина. Поточно, од оваа компанија имаат развиено систем на сензори специјално наменет за леталата кој е полесен и поедноставен за разлика од досега достапните, а исто така веднаш може да се приклучи.

Ова покажува дека од компанијата сметаат дека леталата, поточно дроновите, ќе станат главен начин на јавен превоз за патници во иднина.

„Преку нашето Bosch решение, ние целиме да ја направиме цивилната авијација со летечки такси достапна за голем дел од давателите на услуги. Споредено со денешниот начин на транспорт, летечките таксија заштедуваат време на патувања од 9,6 километри или повеќе, со максимален опсег од 290 километри“ – истакнуваат од Bosh.

Според предвидувањата, до 2025 година се очекува голем дел од такси превозот да се прави преку летачки такси возила, а голем дел од нив и со автономно управување, односно без пилот.

До 2050 година се очекува дека повеќе од 100.000 летачки такси возила ќе ги нудат своите услуги во светот.

Уште немаме пример за тоа како ќе изгледаат и на кој начин ќе ги нудат своите услуги ваквите летала. Постојат тест летала и концепти, меѓутоа останува регулацијата од страна на властите, затоа што сепак се работи за летање, нешто што не може сигурно да се спореди со сегашното возење по коловози.

Сепак, одењето во правец на автономни возила е еден вид на гаранција дека овој вид на летање ќе биде најбезбеден што може.

ИЗВОРVB
Претходна статијаARM ја прекинува соработката со Huawei
Следна статијаHuawei нема да може да продава компјутери во САД, а не е познато што ќе се случи со лиценцирањето на Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.