amazon-prime-air

Во неодамнешното интервју со Charlie Rose, односно во неделното издание на “60 minutes” основачот на Amazon, Jeff Bezos и откри на јавноста дека гигантот за онлајн шопинг развива сервис за испорака на производите нарачани преку Amazon со помош на дронови, односно безпилотни летала. Овој сервис или систем го носи називот Prime Air.

Според основачот на Amazon, станува збор за систем за испорака со којшто на корисниците ќе им се овозможи испорака на нарачаниот производ во времетраење од половина час откако ќе го кликнат копчето “buy”. Неговата оптимистичка проценка беше дека сервисот Prime Air ќе им биде на располагање на клиентите за 4 до 5 години.

Со оглед на големината на дроновите, истите ќе имаат капацитет на испорака на производи до 2 килограми на далечина до неверојатни 16 километри . Според статистиките на Amazon со овој систем би биле покриени повеќе од 86% од порачките. Amazon сеуште работи на безбедносните и ред други тестирања пред Prime Air да биде официјално лансиран во употреба.

“Тешкиот дел тука е сигурноста, односно гаранцијата дека леталото нема да слета на нечија глава”, вели Jeff Bezos. Исто така вели дека не треба да ги очекуваме дроновите на нашите прагови во скоро време. FAA (Federal Aviation Administration) сеуште го нема дадено својот благослов за безпилотните летала, иако неодамна најавија дека имаат таква визија, па според овие податоци Amazon ќе може легално да ги пушти дроновите како дел од Prime Air концептот  некаде околу 2015 година.

Овие безпилотни летала таканаречени дронови го носат и називот октокоптери.

Претходна статијаDell најави 24-инчен 4К монитор
Следна статијаПуштена LTE мрежата на T-Mobile во одредени делови на Скопје