The Index Project

На неколку аеродроми Airbus планира да започне со тестирање на нова технологија која треба да открива патници кои можеби со нив носат некаква експлозивна направа. Технологијата е развиена од страна на американскиот стартап Koniku, а соработката со Airbus покажува дека се работи за добро развиена технологија.

Уредите кои ќе ги тестира Airbus се составени од сензори кои покрај силициумските процесори, користат и живи клетки кои треба да овозможат намирисување на воздухот и честичките во него.

Со ова, уредот од Konuku треба да ја замени работата на тренираните кучиња кои веќе одамна се најдобри во откривање на повеќе видови на закани.

Оваа технологија е замислено да се користи и во повеќе области, а посебно внимание привлекува во медицината. Од компанијата истакнуваат дека работат на уред кој би требало да открие одредени заболувања кај корисниците само преку анализирање на нивниот здив.

Од Airbus планираат уредот од Koniku да го тестираат на неколку аеродроми во делот кој е наменет за скенирање на патниците. Од компанијата најавуваат дека овој уред ќе биде „game changing“ во оваа област.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаА1 Македонија ја претставува првата виртуелна продавница
Следна статијаМакпетрол АД со помош за Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.