Секојдневно во светот гледаме немири и негодувања на големи маси на народ против некои власти и најчесто, оние кои се „најнемирни“ во овие протести, ги покриваат своите лица со маски или марами со цел да не бидат откриени. Наскоро сепак и ова нема да биде доволно, бидејќи според нов научен труд на Џек Кларк, вештачката интелигенција може да помогне во откривање на овие лица.

Ова нормално со себе носи многу импликации, бидејќи на овој начин многу авторитарни влади (кои се множат низ светов), можат да ја искористат технологијата за да фаќаат реално невини луѓе кои се борат само за своите права. Поточно, развојот на ваквите трудови укажува на друг тренд во вештачката интелигенција од оној што го предвидува Елон Маск, а тоа е дека вештачката интелигенција ќе биде користена од моќниците за нивните цели, а не дека самата ќе се сврти против луѓето.

Самата технологија засега работи со нецелосен успех, односно успева да го препознае лицето во 56% од времето доколку човекот носи марама или капа, односно 43% од времето доколку носи и очила. Сепак, самото тоа што овие алгоритми успеваат да го препознаат лицето дури и половично, е показател дека ваквата технологија може да продолжи да се развива и да стане скоро и перфектна.

Алгоритмите инаку работат така што го мерат растојанието меѓу различните точни на лицето – очите, носот и устата дури и ако е тоа покриено, односно на некој начин претпоставуваат каде би се наоѓале тие под марамата или маската. Истите алгоритми ќе бидат опремени со машинско учење, односно ќе можат длабоко да ги учат сите контури на лицата кога се откриени и покриени и со помош на тие информации полесно да ги откриваат во иднина.

Извор: QZ, Motherboard, The Register

Претходна статијаMOAI е роботот кој ви е потребен доколку имате аквариум
Следна статијаЈубилеј со поглед во иднината: потенцијалот на STEM, држава без клиенти и промени во рекламирањето
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments