untitled

Откога се појави технологијата за 3Д-принтање во јавноста, меѓу првите работи кои се принтаа беа делови за оружје или цели оружја. На почетокот процесот беше катастрофално неуспешен. Материјалите едноставно не беа доволно цврсти за да ги издржат притисокот и топлината што ја создава оружјето додека функционира.

По некое време се појавија помали функционални пиштоли (функицонални барем во првите неколку истрели), но секако, иако направени на 3Д-принтер тоа не ги прави нешто помалку опасни од вистинските оружја. Напротив, бидејќи материјалите не се доволно цврсти, па 3Д-принтаните оружја можат и да го повредат корисникот доколку експлодираат под притисок при испукување.

Во 2013 беше направен првиот целосно функционален 3Д-принтан пиштол што користи .38 калибар на куршуми од страна на „Defence Distributed“, додека лани претставија ресивер за полуавтоматска пушка „AR-15“ што е способен да испука повеќе од 100 куршуми без никакви проблеми.

Но, напредокот не застанува тука. „Colt CM901“ е автоматска пушка која е способна да користи посилна муниција од неговиот помал брат „AR-15“. Додека „AR-15“ користи муниција „5.56 x 45 NATO“, „Colt CM901“ користи муниција „7.62 x 51mm NATO“ која има поголем дострел и посилен удар, а со тоа ја прави муницијата многу поопасна. Позади дизајнот стојат дизајнери од „FOSSCAD“.

21-hKn2cOI

Дизајнот на ресиверите за било кое оружје е таков што најголемиот притисок паѓа на него, бидејќи таму се одвиваат повеќето од операциите, такашто материјалот од кој е изработен треба да биде многу цврст. Проблемот со 3Д принтот е што не е толку цврст колку што е челикот, затоа повеќето од итерациите на било кој дизајн на оружје се неуспешни. Но „FOSSCAD“ тврдат дека нивниот работи без скоро никакви проблеми иако е принтан на најобичен „DaVinci“ 3Д-принтер што чини 500 долари.

Извори: Engadget, Medium

Претходна статијаSnapPower Charger – Штекер со USB порта
Следна статијаЕлон Маск најавува нова линија производи од Tesla што не се автомобили