Најновиот Q3 модел на Audi кој треба да се појави во 2018 година, се очекува да има опции со хибридни и електрични мотори. Се очекува да биде попрактичен, покомфорен, поголем во димензии, но и полесен во исто време. Технологијата за електричниот мотор се очекува да ја добие од Volkswagen e-Golf, односно електричниот модел на популарниот Golf. Исто така ќе ја користи MQB платформата од A3 и Volkswagen Tiguan моделите.

Доколку се оствари планот за користењето на технологијата на Volkswagen e-Golf во електричната верзија на Audi Q3, тогаш треба да очекуваме некаде околу 300 километри со едно полнење. Внатре во возилото треба да очекуваме „виртуелна кабина“ или „виртуелен совозач“, односно дигитален дисплеј кој ќе му помага на возачот, како и најновиот систем од компанијата кој е компатибилен со Android Auto и Apple CarPlay.

Моделот со хибрид мотор се очекува да биде значаен за германскиот гигант во борбата за кинескиот пазар. Покрај електричниот и хибрид моторот треба да очекуваме и мотори слични на оние од втората генерација на Volkswagen Tiguan, односно четири-цилиндричен бензиски мотор од 92 kW до 162 kW и дизел мотор од 75 kW до 176 kW.

Може да се заклучи дека оваа втора генерација на Q3 моделот од Audi, во некои детали ќе биде сличен, но во многу детали различен од првата генерација која беше пуштена во продажба во 2011 година. Како и да е, за да се увериме дали сите овие шпекулации се вистинити треба да почекаме до 2018 година или најрано кон крајот на оваа година.

Извор: CarAdvice, UltimateCarBlog, Notey

 

Претходна статија10 подароци за Божиќ за секој Geek
Следна статијаDell Canvas 27 е монитор за креаторите со “Surface Studio” можности