Заедно со завршувањето на поддршката за Windows 10, на 14 октомври заврши и поддршката за два пакети на апликации од познатите Microsoft Office. Поддршката завршува за Office 2016 и Office 2019 пакетите, па корисниците треба да знаат дека веќе нема да добиваат нови функции, безбедносни надградби, како и поддршка.
Иако изминатите години Microsoft како главен пакет за Word, Excel и другите апликации го смета Microsoft 365 пакетот, кој доаѓа со месечна претплата, додатни апликации и сервиси, ВИ и слично, тие продолжија да ги пуштаат и „локалните“ Office пакети.
Најнов таков пакет е Office 2024, а на корисниците им се препорачува или да се префрлат на овој пакет или на Microsoft 365.
Office 2021 пакетот ќе ја изгуби поддршката за една година од сега, па затоа не се препорачува надградба на оваа верзија.
За корисниците кои сакаат само основен и едноставен пристап до Word, Excel и PowerPoint апликациите, без останатите функции и додатоци, Office пакетот останува најдобар избор.