Фото: Shutterstock.com

YouTube им овозможи на корисниците кои не плаќаат претплата да добијат пристап до една од функциите кои ги имаат Premium претплатниците. Се работи за можноста видеата да бидат симнати на уредот, корисно за ситуации кога се планира патување, на пример, па одреден период пристапот до интернет е ограничен или недостапен. 

Сепак, кога подобро ќе се размисли, ова повеќе личи на реклама за YouTube Premium отколку некаква корист за корисниците, поради фактот што за бесплатните корисници симнувањето е ограничено на квалитет до 360p. 

Ова секако не е толку важно доколку се симне видео во кое поважен е звукот, како на пример подкаст, а може да не е проблем и доколку се гледа во исправена форма, односно со помал формат.

Како реклама за премиум ја истакнувам оваа новина поради фактот што под делот за симнување на видеото во ограничен квалитет, достапни се повисоките резолуции и истите се означени со Premium ознаката. 

Корисниците на овој начин се потсетени за предностите кои ги има Premium претплатата, па може дел од нив и ќе се решат да почнат да ја плаќаат. 

Информацијата доаѓа од објава на Reddit која можете да ја погледнете во продолжение. 

New feature allowing users to download videos without premium (At not the best quality)
byu/Dude_Who_Does_Things inyoutube
ИЗВОРLifeHacker
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаОд скопски Расадник во понеделник тргнува уметничкиот караван Баскерфест 2025
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.