Најновата бета верзија од WhatsApp за Windows открива промена на политиката на Meta (Facebook) која не е баш најдобра за корисниците на оваа платформа. Апликацијата веќе нема да биде изворна, па истата ќе биде вратена како на почетокот да биде само веб апликација. 

Од една страна развојот на веб технологиите и можноста за инсталирање на веб апликации донесе доста предности, но во случајот со апликациите од големите и познати компании, сепак користењето на изворен код од платформата е секогаш подобро за корисниците. 

Како што би се очекувало, WhatsApp ќе биде „завиткана“ верзија од веб верзијата од сервисот, а ќе се користи WebView2 технологијата од Microsoft, која е развиена за Edge, односно верзијата на Chromium. 

Корисниците ќе го имаат истото корисничко искуство како на web.whatsapp.com, со што ќе има директно влијание на изгледот на апликацијата, достапните функции, како и перформансите. 

Според Windows Latest, веб апликацијата од WhatsApp троши 30% повеќе RAM од изворната апликација, но не сум сигурен дали тоа ќе остане така и кога ќе биде пуштена официјално оваа верзија. Сепак, со оглед на тоа што се работи за веб верзија, мали се шансите дека ќе може да се постигне некое големо подобрување на овој дел од бета верзијата. 

Засега нема информација дали од Meta дефинитивно имаат одлучено да ја направат оваа промена, но со оглед на тоа што е променета бета верзијата, мали се шансите да не биде тоа така. Само ќе видиме кога ќе биде официјално пуштена за сите. 

Иако критиките ни доаѓа веднаш да ги насочиме кон Meta, сепак голем дел од одговорноста носи и Microsoft кои ги „тераа“ програмерите да ја користат нивната UWP платформа која никогаш не беше развиена како што треба. 

Изборот на компаниите да не ја користат оваа платформа не е некое големо изненадување. 

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2PCWorld
Претходна статијаШто е среќа во бизнисот?
Следна статијаWindows 11 ќе добие поддршка за пуштање на звук на повеќе од еден уред во исто време
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.