Фото: WhatsApp

WhatsApp започна со пуштање на можноста корисниците да добијат скратен приказ на долгите разговори преку сумирање на разговорите со вештачка интелигенција. 

Оваа новина засега им е достапна само на корисниците во САД и само на англиски јазик, а се најавува нејзиното проширување и во други земји, како и на други јазици. 

Сумирањето на разговорите функционира преку Meta AI, секако, а во основа на корисниците им овозможува да добијат претстава за што се работи во разговорот кога имаат пропуштено повеќе добиени порани. Ова е посебно корисни за групните разговори каде за кратко време може да бидат пропуштени и повеќе десетици пораки. 

Од Meta посебно истакнуваат дека корисниците имаат контрола над тоа дали оваа функција ќе биде вклучена и за кои разговори, а тие истакнуваат дека користат технологија наречена „Private Processing“ преку која пристапот до пораките од страна на ВИ, не значи и пристап до пораките од страна на компанијата. 

Без разлика на сите овие тврдења, додавањето на една ваква новина дефинитивно ќе ја намали довербата во една апликација која започна со една главна карактеристика, а тоа е приватноста на разговорите. 

WhatsApp веќе има проблем на овој план, па од компанијата изминатиот период најавија дека ќе почнат да прикажуваат реклами во апликацијата, а Претставничкиот дом на САД им забрани на своите вработени да ја користат оваа апликација на службените уреди. 

ИЗВОРWhatsApp
Претходна статијаMicrosoft започнува со тестирање на функционирањето на антивирусните апликации надвор од Windows Kernel
Следна статијаРазвојот на One UI 8 надградбата изгледа веќе е завршен
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.