Фото: Shutterstock.com

Претседателот Доналд Трамп повторно ја одложи примената на законот според кој TikTok веќе не би можел да функционира во САД, поради фактот што ByteDance ја нема продадено апликацијата на американски партнер. 

Трамп, кој во својот прв претседателски мандат планираше блокирање на апликацијата, сега од некои причини цело време ја „спасува“. Според некои тоа го прави поради ефектот во претседателската кампања која ја имала оваа апликација, а можно е и тука да влијаат можните реакции на огромен број на креатори кои ќе ја изгубат заработката која ја имаат преку оваа популарна апликација. 

Како и да е, не сум ни сигурен дека Трамп има законска можност за овие одложувања, но сепак ги прави, па забраната за TikTok по трет пат е одложена, па од компанијата имаат до 17 септември да најдат решение. 

Дали воопшто се работи на некакво решение, односно дали од ByteDance размислуваат за продажба на американскиот дел од апликацијата барем, не е целосно познато и сигурно, па ќе мора да почекаме да видиме што ќе се случува. 

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаЕМОФ Скопје 2025 ќе ја стави Македонија на европската спортска мапа и ќе ја промени иднината на македонскиот спорт
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.