Фото: Spotify

Spotify ја претстави нивната најнова функција наречена едноставно Messages. Како што може да се заклучи од името, се работи за можноста корисниците да комуницираат преку пораки директно од Spotify апликацијата. 

Од компанијата истакнуваат дека Messages ќе биде достапна преку мобилната апликација и за почеток во одредени земји. 

Корисниците ќе можат да ја споделат содржината која ја слушаат, како музика, поткасти, аудио книги и слично, на своите пријатели кои прво ќе мора да ја прифатат поканата за порака. 

По прифаќањето на поканата, корисниците ќе можат да комуницираат преку текстуални пораки, а ќе можат да оставаат и реакции на споделената содржина. 

Од Spotify истакнуваат дека оваа нова функција нема за цел да ги замени досега користените начини за споделување, како што се другите апликации за пораки, друштвените мрежи и слично. 

Иако пораките се шифрирани, тие не ја користат најдобрата форма, односно од-крај-до-крај шифрирање, што значи дека од компанијата имаат пристап до пораките, а тие и посебно истакнуваат дека истите ќе бидат скенирани за несакана содржина. 

Spotify Messages функцијата ќе им биде достапна на сите корисници, односно покрај на Premium претплатниците, ќе им биде достапна и на бесплатните корисници. 

ИЗВОРSpotify
Претходна статијаМакедонски Телеком испраќа силна порака во новиот видео спот: Никој не се раѓа со предрасуди
Следна статијаSamsung Galaxy настан: Претставување на Galaxy AI искуството со нашите најнови иновации
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.