Почнувајќи од крајот на овој месец, па се до крајот на годината, Outlook апликацијата за мобилните ќе добие нова функција која ќе треба да им помогне на корисниците кои добиваат голем број на имејл пораки, истите полесно да ги организираат.
Се работи за функција помогната од Copilot, односно вештачката интелигенција и истата вклучува додавање на нов посебен дел за приоритетни пораки. Овој дел ќе прикажува две категории на пораки, такви кои се сметаат за важни, како и пораки на кои корисникот се очекува да одговори.
Оваа новина сепак нема да биде бесплатно достапна, па дури нема да биде достапна за претплатниците на некој од бизнис пакетите. За користење на оваа новина корисниците ќе треба да бидат претплатници на Microsoft 365 Copilot пакет, па на истата може да се гледа како додаток на веќе постојните ВИ функции.
До приоритетниот дел ќе се доаѓа едноставно преку притискање на ново копче во горниот десен дел, веднаш до копчињата за пребарување на пораките и известувањата.