Фото: Shutterstock.com

Mozilla повторно ќе ја продолжи поддршката за Firefox за дополнителни шест месеци за постарите оперативни системи како што се Windows 7/8/8.1, како и macOS 10.12, 10.13 и 10.14. 

Верзијата од Firefox која останува поддржана е старата Firefox 115 ESR, која не е ни најновата верзија со продолжена поддршка и веќе има проблем со одредени веб страни.

Според компанија, бројот на корисници на овие платформи е доволно голем за да се оправда ваквата одлука, иако верзиите од Windows одамна не добиваат поддршка, а за еден месец истото ќе важи дури и за Windows 10. 

Продолжувањето на поддршката за Firefox 115 ќе биде до март 2026, а од организацијата ќе одлучат во февруари дали ќе има потреба од трето продолжување. 

Ваквата одлука на Mozilla во голем дел личи дека е поради големиот пад на популарноста на прелистувачот, па секој корисник е важен за задржување на процентите кои ги има Firefox на пазарот. 

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаAdobe го најави донесувањето на нивната Adobe Premier апликација на iPhone и iPad
Следна статијаНова боја на македонската музичка сцена – ТЕГЕТ
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.