Microsoft објави статија во која ги истакнува подобрувањата кои ги има направено на нивниот Edge интернет прелистувач, кои во главно доаѓаат со менување на технологијата која се користи, односно со користење на WebUI 2.0, која донесува еден вид на „модуларност“ при вклучување на интерфејс елементите и потребниот JavaScript код.
Резултат на тоа е доста побрзо вклучување на елементите од корисничкиот интерфејс, а од Microsoft тврдат дека Edge добива 40% подобрување на брзината.
Делови во кои може да се забележи ова подобрување се такви како Settings на прелистувачот, Read Aloud ВИ функцијата, Split Screen функцијата и слично.
Како конкретна мерка за подобрувањето на брзината Microsoft ја зема FCP – First Contentful Paint мерката според која Edge успева да ја постигне бројката од 300 милисекунди и подолу.
Според компанијата, секоја мерка која е над 400 милисекунди веќе влијае кон негативно корисничко искуство.
Сето ова ќе беше супер доколку Edge не беше претворен во прелистувач кој е непотребно преполнет со различни функции. Не само што Microsoft мораа да го интегрираат Copilot во сите нивни производи, Edge има уште „10“ други непотребни функции кои верувам дека повеќето корисници не ги ни користат.
Има зошто Chrome, најкористениот прелистувач на пазарот, е толку едноставен, а тука се „екстензиите“ за додавање на различни функции.