Фото: Microsoft

Microsoft Edge ќе стане прелистувач со многу поголема интеграција на вештачката интелигенција, а тоа е нешто што е очекувано со оглед на тоа во кој правец се движат работите. 

За почеток, поголемата интеграција на ВИ доаѓа преку посебен режим во Edge, наречен Copilot Mode. Корисниците ќе можат да го вклучат и да добијат целосно ново корисничко искуство, а исто така ќе можат и да го исклучат доколку не им се допаѓа и да се вратат на класичниот начин на „сурфање“. 

Што е Copilot Mode, односно што значи поголемата интеграција на вештачката интелигенција. Во основа, Copilot Mode ја донесува можноста Copilot да може да отвора веб страни во име на корисникот, да прави споредба помеѓу отворените „табови“, да прави резервации во име на корисникот и повеќе. Кратко кажано, покрај стандардната можност за поставување прашања, сумирање веб страни, Edge сега ја добива можноста да „сурфа“ во име на корисникот. 

Оваа функција е овозможена преку сега веќе познатите агенти со вештачка интелигенција, а може слободно да се каже дека тие ќе бидат иднината на ВИ. 

За почеток активирањето на Copilot Mode е бесплатно, но од компанијата планираат во иднина да наплаќаат за функцијата, а можно е истата да биде вклучена во некоја од претплатите за Copilot. 

Вклучувањето на Copilot Mode може да се направи преку посета на оваа страна, https://www.microsoft.com/en-gb/edge/ai-powered/copilot-mode, од Windows или macOS. 

Вакви интернет прелистувачи веќе гледаме во најава или тест фаза и од другите, па тука е Comet од Perplexity, најава има и за OpenAI, а тука е и Dia, прелистувачот од компанијата која стои зад Arc Browser. 

Во продолжение можете да погледнете неколку примери за како се користи Edge со Copilot Mode.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаGoogle Pixel 10 реклама ги повикува корисниците на Apple да не чекаат цела година за новата верзија од Siri
Следна статијаВодич за заштита на вашите приватни фотографии и пораки
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.