Фото: Shutterstock.com

Поради причина која не е баш до крај јасна, Microsoft реши да ја тргне можноста за измена на документи од нивната Microsoft 365 Copilot апликација, па корисниците за истото ќе мораат да ги инсталираат посебно Word, Excel и PowerPoint. 

Оваа промена ќе започне од 15 септември оваа година за корисниците на iOS и iPadOS, па иако не се работи за некоја „страшна“ промена, сепак е непотребна и ќе ги тера корисниците за најмали измени да мораат да ги имаат посебните апликации, кои не се баш мали. 

Со ова, Microsoft 365 Copilot во основа ќе биде уште една Copilot апликација преку која корисниците ќе можат да прегледуваат документи, да разговараат со вештачката интелигенција, а ќе можат и да побараат од Copilot да креира нов документ кој ќе мораат да го изменат во посебните апликации. 

Тука мора да се истакне и чудната одлука на компанијата да Microsoft 365 пакетот, кој порано беше наречен Office 365, го преименува во Microsoft 365 Copilot. Сигурен сум дека не е мал бројот на корисници на кои не им е баш јасно што точно користат, заедно со додавањето на Copilot во скоро секој сервис. 

ИЗВОРApple Insider
ИЗВОР 2Windows Latest
Претходна статијаGoogle Pixel Watch 4 донесува уникатен дизајн на екранот заедно со Gemini функции
Следна статијаОд скопски Расадник во понеделник тргнува уметничкиот караван Баскерфест 2025
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.