Џек Дорси, кој е најпознат како ко-основач и поранешен директор на Twitter, претстави апликација за разговори која не користи интернет, а функционира само преку Bluetooth „меш“ мрежа. 

Името на апликацијата е bitchat, а моментално е во тест, односно бета фаза, а ќе видиме дали и колку ќе продолжи развојот и популарноста кај корисниците. 

Оваа апликација веднаш е јасно дека не е замислена да биде конкуренција или замена за било кој од популарните апликации за разговори. Апликација како bitchat би била доста корисна во ситуации кога не е достапна мобилна мрежа, како при природни непогоди, како и во ситуации кога мрежата е оптоварена, како на концерти, протести и слично. 

bitchat доаѓа со од-крај-до-крај шифрирање на комуникацијата, нешто без кое не би имала голема вредност, како и можност за комуникација со корисници кои се нешто подалеку преку „посредници“, односно други корисници на апликацијата на истата локација. 

ИЗВОР9to5Mac
Претходна статијаApple изгуби уште еден вработен кој работеше на развој на големи јазични модели
Следна статија50 години страст на патот и на сцената – BMW Серија 3 и Влатко Стефановски заеднички го одбележаа  петдеценискиот јубилеј
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.