Фото: Shutterstock.com

Една од апликациите кои се редок пример за недостапност на iPad е секако Instagram. Од Meta одамна одбиваат да направат прилагодена верзија од апликацијата за iPad уредите, но во април The Information објавија дека конечно апликацијата е во изработка

Да додаде на очекувањата за точност на оваа гласина се надоврза и Марк Гурман, кој сега тврди дека апликацијата активно се тестира од страна на вработените во Meta и истата може да се очекува да биде пуштена оваа година. 

Корисниците и сега можат да ја инсталираат Instagram на iPad, но само преку можноста за програмерите своите мобилни апликации ги овозможат на овој поголем уред. Апликациите во овој случај функционираат со намалена големина, како за мобилен, а истата може да се дуплира, но повторно далеку подобро е апликација која е прилагодена за iPad. 

Една од причините кои ги истакнува Гурман за одбивањето на Meta да претстави Instagram за iPad е што досега сликите кои се објавуваа немаа доволно голема резолуција за да изгледаат добро на поголемите екрани. Сепак, Instagram уште од самиот почеток е пред се мобилна апликација и до ден денес останува замислена така. 

Знак дека од Meta навистина почнуваат да му даваат поголемо значење на iPad може да се смета и пуштањето на iPad верзија од WhatsApp минатата недела, а истото мислење го дели и Гурман. 

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаДецата и младите креираа кампања против омразата на интернет
Следна статијаSony изгледа целосно го префрлува производството на смартфони надвор од компанијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.