Google Translate одамна е достапен како апликација на iOS, но сепак во одредени ситуации многу побрзо и подобро е преводот на некои зборови да се направи веднаш од било која апликација.
Translate функцијата од Apple за жал има многу помалку јазици од Google Translate, а тука секако за нас најважен е македонскиот јазик.
Сега, iOS добива можност за избор на главна апликација за преводи, а со инсталација на Google Translate апликацијата, истата може да биде поставена како главна.
Со тоа, секогаш кога ќе биде селектиран некој збор или реченица, со притискање на копчето за превод, активноста ќе се направи преку апликацијата на Google, а со тоа се добива и можност за преведување на македонски.
За додавање на Google Translate како главна апликација треба да се отиде во Settings > Apps > Default Apps. Оваа новина е достапна од iOS 18.4 и понови верзии.