Google најави две новини кои ќе дојдат во периодот што следи кај нивната Google Translate апликација, а едната од нив може да се каже дека е целосно очекувана.
Со помош на јазичните модели од Gemini, Google Translate сега ќе може уште подобро да преведува разговор во реално време. Со помош на вештачката интелигенција корисниците ќе можат да добијат побрзи и поточни одговори, а Translate ќе ги испишува и автоматски чита преводите при разговорите.
Оваа новина ќе биде достапна на повеќе од 70 јазици, меѓу кои и македонски, но за нашиот јазик нема да има автоматско читање на преводот, барем не веднаш.
Втората новина и повеќе изненадување, но не може да се каже дека нема логика кај една ваква апликација.
Google Translate ќе може да се користи за учење на некој јазик, но од тоа што може да се види, би рекол дека е повеќе за вежбање на јазиците кои корисникот веќе ги знае или помош за полесно разбирање на тие кои не го познаваат јазикот.
Корисниците ќе можат да притиснат на новиот дел за вежбање по што ќе им бидат пуштени разговори кои ќе можат да ги слушаат, како и да се концентрираат на конкретни зборови. За ова ќе може да бидат поставени цели зависно од нивото на познавање на јазикот.