hangouts-f

Google оваа недела ја најави, а сега е достапна за симнување најновата верзија од Hangouts апликацијата. Да ве потсетиме, Hangouts е апликација која што ја замени Google Talk апликацијата за чет помеѓу вашите контакти, а исто така е воведена можноста за користење наместо SMS апликацијата, која што целосно ја менува во Android 4.4 KitKat.

Во Hangouts 2.1 се воведени следните новини:

Спојување на пораките SMS пораките и чет пораките од истиот контакт се прикажани во еден разговор, а ќе бидат едноставно распознавани со кратка ознака. Корисниците може да избираат дали сакаат да ги спојат разговорите или да продолжат посебно да ги читаат. При испраќање на порака ќе треба да се избере дали сакате да испратите SMS или чет порака.

Поедноставена листа на контакти Листата на контакти сега е составена од два главни делови, контакти од Hangouts и контакти од вашиот телефон

Widget на home екранот Сега можете да додадете widget, со што брзо и лесно можете да пристапите до вашите разговори

Подобрување на перформансите Подобрувањето вклучува подобар квалитет на видео повиците, како и подобра читливост на пораките

phone-01

Hangouts 2.1 е достапна во продавницата за апликации и доколку се’ уште ја нема надградено истото можете да го направите преку следниот линк.

hangouts-android-qr

Претходна статијаFacebook ја купи Moves, фитнес апликација која што автоматски ја следи вашата дневна активност
Следна статијаСлушалки од графен за далеку поквалитетен звук
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.