Фото: Google

Windows е познат по лошата функција за пребарување која е вградена во системот, а Windows 11 не успеа да го промени овој углед и покрај поминати години. 

Сепак, добро е што Microsoft на понапредните корисници им ја овозможува PowerToys апликацијата во која има посебна функција за пребарување, а истата е направена во стилот на познатата Spotlight од macOS. 

Сега корисниците на Windows ќе добијат уште една нова „Spotlight функција“, а овој пат истата доаѓа од Google.

Исто како во случајот со Spotlight, корисниците со брза кратенка на тастатурата, „Alt + Space“, ќе можат да ја вклучат лентата за пребарување која се појавува во средината од екранот. 

Со ова се добива можноста да се започне со пребарување без разлика што друго е отворено во моментот на компјутерот, а корисниците ќе можат да пребаруваат локални датотеки, инсталирани апликации, Google Drive датотеки, а на крајот се разбира, да пребаруваат на интернет. 

Ќе треба да видиме дали оваа апликација ќе овозможи и дополнителни функции, Spotlight и Command Palette од PowerToys имаат многу повеќе. 

Кога ќе се земе во предвид дека Google имаат за цел да овозможат побрз пристап до Search, не верувам дека ќе одат до тој степен да развијат сериозен конкурент на другите вакви функции. 

Оваа апликација засега е достапна преку Labs, нешто што за жал не е достапно во Македонија, па ќе мора да се почека додека истата биде пуштена за сите. 

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаSpotify ќе им дозволи на бесплатните корисници да ја пуштат директно песната која ја бараат
Следна статијаТрчањето како нов јазик на урбаното живеење
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.