GitHub, познатата платформа за програмери сега во сопственост на Microsoft, најавија дека како дел од GitHub Copilot алатката станува достапен и Grok Code Fast 1 големиот јазичен модел.
За почеток овој јазичен модел е достапен како „preview“ верзија, а може да се користи од страна на корисниците на GitHub Copilot Pro, Pro+, Business и Enterprise претплатите.
Преку GitHub Copilot, пристап до Grok Code Fast 1 добиваат и развојните околини како Visual Studio Code, Visual Studio, JetBrains апликациите, Xcode и Eclipse.
Со оглед на тоа што како дел од GitHub Copilot се достапни не баш така мал број на јазични модели, додавањето на тој од xAI не прави некоја голема разлика, но за корисниците кои би сакале да го пробаат тој сега е достапен.
Додавањето на Grok Code Fast 1 е најавено од страна на GitHub, а јазичниот модел беше претставен од страна на xAI во август оваа година.