Јасно е дека Firefox нема шанса да остане „имун“ на трендот на додавање на вештачка интелигенција скоро секаде. За одреден број на корисници ова е проблем, па гледаме како и поради други причини изминатиот период Firefox досега губи од популарноста.
Како и да е, работите се такви какви што се, а од Mozilla сепак сѐ уште тврдат дека остануваат на старите принципи при развојот на прелистувачот.
Можноста за креирање на групи на „табови“ со помош на вештачката интелигенција функционира едноставно. При стандардниот начин на креирање на групите, корисниците сега добиваат ново копче кое се појавува секогаш кога ВИ има предлог.
Врз основа на отворените страни, Firefox ќе предложи нивно додавање со сличните други страни, а ќе предложи и име за групата.

Со цел да се задржи приватноста на корисниците, нешто што од Mozilla уште тврдат дека е дел од нивната основна политика, јазичниот модел функционира локално, што значи дека нема испраќање на отворените страни на серверите од организацијата.
Ова, најверојатно поради тоа што е нова функција која треба да се подобри, за некои корисници предизвикува доста големо користење на процесорот, па добро е што има можност целосно да се исклучи.