Microsoft официјално ја претстави Copilot Vision функцијата која станува дел од Copilot апликацијата на Windows 11, но интересно и на Windows 10. Во оваа фаза Copilot Vision им е достапен само на корисниците во САД, а ќе видиме во периодот што следи, кои земји ќе бидат исто така вклучени.
Copilot Vision во основа е додавање на можност за пристап до екранот, односно конкретни апликации од страна на Copilot, по што овој асистент и „четбот“ ќе може да им понуди помош на корисниците.
Споделувањето на екранот се прави скоро исто како на пример кога се споделува екранот за презентација преку Microsoft Teams. Корисниците го притискаат новото копче во форма на очила, по што бираат која отворена апликација сакаат да ја споделат со Copilot, а може да се споделат до две апликации, односно прозори, во исто време.
Тоа што го добиваат корисниците со Copilot Vision е директен пристап до тоа што го гледаат корисниците, а со тоа можност да постават било какво прашање и да добијат одговор, објаснување, анализа и слично.
Најкорисната можност со оваа функција е можноста да се побара директна помош, односно Copilot може да им помогне на корисниците при измена на некоја слика, со точно покажување каде и што треба да притиснат.
Неколку примери за што се може да се направи со Copilot Vision се достапни во следното видео.