xiaomi-mi-mix

Оваа недела Xiaomi го претстави можеби досега најинтересниот телефон кој донесува нешто ново во дизајнот од почетокот на продажбата на паметните телефони кои во главно изгледаат исто. Главната карактеристика на Xiaomi Mi Mix, поради која ја заслужува ваквата изјава, е дизајнот без рамка околу екранот.

Вакви дизајни на мобилните телефони се очекуваат веќе подолго време. Како нацртани концепти можевме да ги видиме од повеќе производители, како и независни дизајнери, меѓутоа се чекаше кога некој конечно ќе донесе ваков уред на пазарот.

Xiaomi со овој потег покажа колку сериозен играч се на пазарот на паметни телефони, како и дека корисниците веќе немаат оправдание да ги гледаат како компанија која ги дизајнира своите уреди како копија на други.

mi_mix_04-0-copy

Сепак, Mi Mix, како што беше најавено и на неговото претставување, ќе се произведува во ограничена количина, па уште од таа информација стана јасно дека нема сите заинтересирани да може да го купат и користат овој навистина интересен телефон.

Покрај ова еден вид ограничување, дополнителен проблем за корисниците ќе биде и најавата дека Mi Mix, кој сега е достапен само на домашниот пазар на Xiaomi, односно Кина, ќе остане достапен само таму.

Корисниците од останатите пазари нема да може да го купат уредот, па ќе мора да чекаат на наредниот ваков уред од Xiaomi или некој друг производител.

Се разбира, тука се секогаш страните за онлајн продажба, меѓутоа поради ограничената количина на уредот, најверојатно ќе биде тешко да се дојде до него и преку нив, а цената ќе биде повисока.

Извор: Android Authority, TechnoBuffalo

Претходна статијаWindows 10 Creators Update донесува новитети кои се наменети за креативците и гејмерите
Следна статијаMicrosoft Surface Dial – иновативна и корисна алатка наменета за креативците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.