Фото: Shutterstock.com

Според информации од јапонски портал (преку GSMArena), Sony изгледа планираат да го прекинат производството на смартфони. Истите ќе продолжат да ги развиваат и продаваат, но производството ќе биде префрлено кај трети страни, односно други производители. 

Ова е стандардна практика на пазарот, а Apple се најпознати по користењето на трети страни. Доколку и Sony се приклучат на оваа практика, изгледа Samsung ќе останат единствените кај кои скоро целиот процес поврзан со смартфоните е дел од компанијата. 

Sony веќе го има префрлено производството за своите телефони од средната класа, па оваа промена се најавува за тие од највисоката. 

Може да се каже дека е штета што Sony не се посериозна конкуренција на пазарот, а посебно што тие сѐ уште претставуваат доста интересни, нестандардни и доста добри уреди. 

Очекувано од ваква компанија, нивните телефони од највисоката класа доаѓаат со посебно внимание кај камерите, како и кај екраните и искуството при гледање на видео содржина. 

Сепак, за повеќето корисници, кога се размислува за купување на нов телефон, во главно размислувањето оди во правец на Samsung или Apple, а тука се и неколку кинески конкуренти. 

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2GSMArena
Претходна статијаiPad верзијата од Instagram може да се очекува оваа година
Следна статијаTelegram треба да добие интеграција со Grok ова лето
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.