Познатиот производител Sharp, за кого многу ретко читаме новости поврзани со смартфоните, го претстави Aquos R6, но само за јапонскиот пазар, а нема информации дали некогаш се планира поширока достапност.

Sharp Aquos R6 е телефон од највисоката класа, но тоа што посебно се истакнува, односно главната карактеристика е задната камера. Оваа камера, која го носи брендот на Leica, го има најголемиот сензор кој може да се најде кај еден смартфон кој е комерцијално достапен.

Главната камера кај Sharp Aquos R6 е со сензор од 20 мегапиксели и големина од 1 инч. Ова слободно може да се каже дека е огромен сензор и истото може да се забележи на самиот телефон на задната страна. Ваквите сензори обично се користат кај аматерскиот фотоапарати, но не и кај телефоните.

Тоа што корисниците на овој телефон ќе го добијат е полесно добивање на светлина при сликање, а тоа обично доаѓа до израз кога се слика во темни, односно ноќни услови. Исто така поголемиот сензор овозможува и подобри ефекти, подобар динамички опсег и слично.

Сензорот исто така доаѓа и со поголема „ширина“, па според информациите, корисниците ќе треба да ги прилагодуваат своите слики кога немаат потреба од целосната слика.

Уште една карактеристика кај Sharp Aquos R6 посебно се истакнува, а тоа е екранот. Наречен Pro IGZO OLED, 6,6 инчниот екран доаѓа со резолуција од 2.730 на 1.260 пиксели и стапка на освежување на екранот од 240 херци. Стапката на освежување исто така е варијабилна, односно се прилагодува на содржината на екранот и варира од 1 до 240 херци, што овозможува поголема заштеда на батеријата.

Што се однесува до останатите карактеристики, Aquos R6 работи на Snapdragon 888, има 12GB RAM и 128GB простор за податоци. Батеријата е со капацитет од 5.000 mAh. Ова го става уредот во највисоката класа, па заедно со останатите карактеристики, штета е што не е достапен надвор од Јапонија.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаКако една адвокатска канцеларија да ја подобри својата конкурентност?
Следна статијаНавивајте за Македонија каде и да сте – пролетна промоција за корисниците на Македонски Телеком
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.