Samsung неделава аплицираше за патентирање на нов телефон со заоблен екран. Од документите приложени во апликацијата јасно може да се види дизајнот на новиот телефон и некои од предвидените функционалности.

SPAP

За разлика од Galaxy Round, кај овој телефон екранот ќе биде заоблен на надвор и ќе се протега околу страните на уредот. Она што е интересно околу дизајнот е дека трите страни од екранот ќе може да функционираат независно една од друга.

Овој потег на Samsung доаѓа како одговор на Apple за кои се шпекулира дека работат на уред со многу сличен дизајн.

Телефонот се очекува да биде достапен некаде во втората половина од наредната година.

Во прилог може да погледнете неколку извадоци од поднесената документација.

Претходна статијаMozilla Firefox Australis достапен од денес во Nightly верзиите
Следна статијаНадградена Google Search за Windows Phone