Samsung за корисниците на Galaxy S21 серијата во Јужна Кореа пушти нов режим наменет да ги заштити личните податоци на корисниците додека нивниот телефон и на сервис.
Едноставно и логично наречен „Repair Mode“, односно режим за поправка, при негово вклучување на сервисерите им остануваат достапни само неколку апликации кои се клучни за нивната работа. Се останато, односно сликите, датотеките, податоци и другите лични податоци на корисникот, се безбедно „сокриени“ и недостапни за сервисерите.
Корисниците можат да го вклучат repair режимот едноставно преку „Battery and Device Care“ делот во Settings, по што уредот се рестартира и вклучува. За да се исклучи потребно е да се внесе пин, друга шифра или отисок од прстот, што значи дека само корисникот ќе може да го направи тоа.
Засега нема информации дали и кога може да се очекува Repair Mode во другите земји од светот, но за корисниците во Кореа Samsung најави дека ќе стане достапен и за други модели.