Фото: Shutterstock.com

Чиповите развиени од страна на Samsung не добиваат баш најдобри оценки изминатите години, а една од поважните информации кои ги чекаме со најавата на нови телефони е дали тие доаѓаат со Exynos чип или преферираниот Snapdragon.

Кратко кажано, Exynos доста често се покажа како побавен од Snapdragon алтернативата, со послабо менаџирање на топлината, а на крајот тоа резултира и со полоша ефикасност, односно полошо траење на батеријата. 

Од Samsung сепак не се откажуваат од развојот на нивниот Exynos чип, а тоа го видовме и со претставувањето на Galaxy Z Flip7, кој работи на најновиот Exynos 2500 чип, за првпат произведен во 3nm технологија. 

До крајот на годината, односно почетокот на идната, се очекува дека Samsung ќе го претстави и Exynos 2600, чип кој треба да биде вграден во некој од Galaxy S26 уредите, а засега се очекува дека тоа ќе биде само кај основниот. 

Според информациите кои ги објавуваат од SamMobile, Exynos 2600 може да се очекува дека ќе биде доста моќен чип, а тоа може да се види и од неофицијалните тестирања. Едното се однесува на процесорот, другото на графичкиот процесор за кој се истакнува дека добива подобри резултати од Snapdragon 8 Elite. 

По некоја логика, не е чудно да се очекува дека после години Samsung ќе успее да ги „испегла“ сите недостатоци на чипот, па повторно да тој да биде подобар или барем доволно конкурентен со другите. 

Би било добро корисниците ако не се надеваат дека нивниот уред ќе дојде со Exynos чип, барем да не им прави некоја разлика. 

Претходна статијаДеветто издание на филмскиот фестивал „Дрим Шорт“ во Струга
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.