01

Samsung денеска го претстави новиот Galaxy Tab S2 таблет компјутер кој што доаѓа во две големини, односно 8 и 9,7 инчи.

Од тоа што може да се види, Tab S2 е одлично дизајниран таблет кој што пред се е наменет за читање на содржина, наместо за гледање на видео. За разлика од повеќето Android таблети, како и другите од Samsung, Tab S2 доаѓа во 4:3 формат, нешто што е карактеристично за iPad и со тоа директно покажува кој е производот на кој што сака да му конкурира.

Двата модели доаѓаат со истите карактеристики и се разликуваат само во големината на екранот, како и капацитетот на батеријата, а се разбира и тежината. 8 инчниот модел доаѓа со батерија со капацитет од 4.000 mAh и тежина од 265g, додека 9,7 инчниот модел со 5.870 mAh батерија и 389g тежина.

Останатите карактеристики кои што се исти за двете големини ги вклучуваат следните:

  • Дебелина од 5,6 mm што ги прави потенки од нивниот главен конкурент iPad Air 2
  • Super AMOLED екрани со резолуција од 2048×1536 пиксели
  • Осум јадрен процесор (Quad 1.9GHz + Quad 1.3GHz)
  • 3 GB RAM меморија и избор од 32 и 64 GB простор за складирање и поддршка за microSD картичка до 128 GB
  • Две камери со 8MP кај задната и 2,1MP кај предната камера
  • Android 5 Lollipop

Galaxy Tab S2 е навистина лесен таблет кој што има одличен дизајн кој што вклучува метална рамка околу телото, стандардно за Samsung во нивните модели од изминатата година.

04

Главната карактеристика која што Samsung сака да ја истакне кај овој таблет е неговата намена за читање на книги, списанија, веб страни, социјални мрежи и слична дигитална содржина. Може слободно да се каже дека таблет компјутерите најчесто и за тоа се користат, па ставањето на акцент на оваа активност може добро да го издиференцира уредот на пазарот.

За читањето на содржината на таблетот Samsung истакнува дека технологијата на екранот е внимателно развиена за прикажување на реални бои, одличен контраст, гама, заситеност зависно од апликацијата што се користи. Исто така, екранот ја прилагодува својата јачина со цел корисникот да може што подолго да чита содржина, нешто што е потешко на екраните, за разлика од обичните книги.

05

Galaxy Tab S2 треба да почне да се продава од август, а ќе доаѓа и со избор од Wi-Fi и модел со LTE поддршка. Цените на уредот се’ уште не се објавени, што значи ќе мора да се причека до почетокот на официјалната продажба за истото.

Извор: Samsung

Претходна статијаCortana за Android прикажана на интернет, официјална бета верзија за неколку недели
Следна статијаBlueStacks App Player со Mac верзија за пуштање на Android апликации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.