Samsung ја претстави наредната генерација од UFS уредите за складирање на податоци, најчесто познати на корисниците како уреди кои се користат кај мобилните телефони и кои можат да направат огромна разлика на нивните перформанси.

Моменталната верзија од UFS која се користи и која има одлични перформанси е 3.1, а Samsung ја претстави наредната генерација, односно UFS 4.0.

Поради големото подобрување на перформансите, од компанијата истакнуваат дека UFS 4.0 ќе биде одличен за 5G смартфоните, но и за уредите за виртуелна и проширена реалност, а се планира да се користи и во автомобилската индустрија.

Брзината на пренос на податоци кај UFS 4.0 е дупло во споредба со претходната генерација, односно 23,2Gbps „по лента“.

Ова е седмата генерација од V-NAND технологијата на Samsung со која ќе се овозможи брзина на читање на податоци од 4.200MB/s, како и брзина на запишување на податоци од 2.800MB/s.

Иако овие големи брзини во главно им прават разлика на корисниците кои работат професионално со нешто што има корист од истата, сепак можат да ја забележат сите корисници при нормалното користење на телефонот, нешто што можеше едно време да се спореди кога некои производители не се одлучуваа за UFS 3.0 или 3.1 кај своите уреди.

Покрај поголемата брзина, UFS 4.0 уредите ќе бидат и повеќе штедливи во споредба со претходната генерација, а и помали, односно ќе имаат димензии од 11 на 13 на 1 милиметар, а ќе има избор на простор за складирање до 1TB.

Во продолжение можете да ја погледнете Twitter објавата од Samsung каде во кратки црти ги објаснува новините кај UFS 4.0.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаYouTube Go апликацијата веќе нема да биде достапна од овој август
Следна статијаДигитализацијата е приоритет на младите и мотивацијата да останат во земјата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.