При крајот на јули Samsung најави дека исправките кои мораа да ги направат на Galaxy Fold се завршени и дека уредот повторно ќе се најде во продажба од септември. Септември дојде и иако немаме точна дата кога Fold ќе може да се купи, уредот повторно е достапен за регистрација од страна на заинтересираните купувачи.

Како што беше случајот и пред летото, Galaxy Fold прво ќе стане достапен во САД, по што за кратко време ќе почне да се продава и во Европа. Цената на уредот е најавена за околу 1700 долари, што значи дека ќе видиме многу мал број на вакви уреди, барем во нашата земја.

Проблемите кои се појавија со Galaxy Fold во главно беа во решението на Samsung околу заштитата на екранот, а посебно во делот кај што уредот се превиткува. Тоа предизвика влегување на прашина внатре во екранот, а имаше и ситуации каде на тест уредите им беше изваден горниот дел од екранот, поради мислење дека се работи за фолија кога треба да се извади.

Сите овие проблеми се решение и тестирани од страна на Samsung и штом уредот повторно е поставен како наскоро достапен, верувам дека нови проблеми не би требало да се јават.

Инаку, за потсетување, Galaxy Fold е смартфон којшто има екран кој се превиткува и со тоа му овозможува да се претвори во мал таблет. Ова е одлично за ова време кога во главно поголемиот дел од содржина ја консумираме преку нашите мобилни, па со можноста да се отвори уредот и да се добие поголем екран, ќе се овозможи многу подобро искуство при гледање на видео содржина и слично.

Секако, наредните генерации од ваквите уреди ќе бидат многу подобри, како што е секогаш случајот со било која нова технологија, но сега го гледаме почетокот на иднината на мобилните уреди.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Android Authority
Претходна статијаНеповторлива роденденска понуда на „Неотел“
Следна статијаHuawei ќе го претстави Mate 30 на 19-ти септември во Минхен
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.