Фото: Shutterstock.com

Како и секоја година, една од главните информации поврзани со Galaxy S серијата кои не интересираат е чипот кој од Samsung ќе решат да го вградат кај овие модели. 

Со години корисниците се надеваат дека ќе можат да купат модел со Snapdragon чип, додека Exynos од Samsung не е баш посакуван, благо кажано. Причините за тоа се познати, а се поврзани со перформансите, загревањето и траењето на батеријата. 

Неофицијалните информации сега одат во правецот дека Samsung го има „средено“ својот процес на производство, поради кој има изгубено и неколку клиенти, па Exynos 2600 ќе биде чип кој ќе може да им конкурира на најдобрите. 

2nm производствен процес ќе му овозможи на Exynos 2600 да функционира како што треба, па од Samsung наводно се имаат одлучено да го користат кај Galaxy S26 серијата, па дури и кај Galaxy S26 Ultra моделот. 

Ultra моделот изминатите неколку години обично доаѓа со Snapdragon чип на сите пазари, без разлика дали во некои од нив останатите модели доаѓаат со Exynos. 

Доколку оваа информација се покаже како точна, ќе биде показател за довербата која Samsung ја има во нивниот Exynos 2600. 

Според неофицијални тестови кои се објавени, Exynos 2600 се покажува како подобар од Snapdragon 8 Elite Gen 5, но и од A19 Pro од Apple. 

Разликите се гледаат и во перформансите за работа со вештачка интелигенција, а јасно е колку тоа е важно за Samsung.

Galaxy S26 серијата се очекува да биде претставена во јануари, па нема уште многу чекање за да се види што ќе донесе. 

ИЗВОРSamMobile
Претходна статијаMicrosoft претстави нови функции на Copilot и нов правец кој е насочен кон луѓето
Следна статијаОд лабораторија до вашиот зглоб: Samsung ја претстави првата технологија за следење на исхраната на Galaxy Watch
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.