Директорот на Samsung Display, наводно во разговор со новинарите, говорејќи за производството на OLED панели, потврдува дека од компанијата се подготвуваат за производство на повеќе OLED панели за уреди на преклоп.
Тој во изјавата истакнува дека не сака да ја открие компанијата за која се наменети овие панели, па со тоа се зголемуваат шпекулациите дека се однесува на Apple.
Повеќе пати досега можевме да прочитаме за iPhone Fold кој изгледа конечно ќе биде претставен идната есен. Samsung Display повеќе пати се споменуваат како можниот производител на екраните за овој уред, а најновата генерација од истите е доволно развиена за да ги задоволи барањата на Apple.
Очекувањата се дека идната година линијата на местото на превиткување веќе нема да се гледа или ќе биде минимална, па поради тоа и Apple дури сега се одлучуваат да влезат на овој дел од пазарот.
iPhone Fold се очекува дека ќе биде доста тенок, како седмата генерација од Galaxy Z Fold, а новиот и доста тенок iPhone Air се смета како телефон на чија основа ќе биде развиен овој уред.