Тимот за контрола на квалитетот во Samsung фабриката спроведува последни проверки пред да ги спакува уредите и да ја запечати амбалажата.

Неодамна претставената Galaxy S21 серија на телефони пристигна во продавниците ширум светот, давајќи им можност на корисниците од прва рака да го искусат супериорно искуство со паметни телефони. Дизајнирана за модерниот начин на живот, оваа серија додава низа нови функции на водечкото Samsung семејство на уреди, што секојдневните моменти ги прави еписки.

Без оглед дали корисниците своите Galaxy S21 телефони ги нарачуваат онлајн или ги купуваат директно од малопродажните места, Samsung подеднакво внимание обрнува на сите, давајќи им најдобро можно искуство. Во време на глобална здравствена криза, Samsung презеде дополнителни мерки на претпазливост во своите малопродажни објекти, за да обезбеди сигурност на вработените и клиентите.

Мерките за безбедност вклучуваат одржување на социјално растојание, мерење на температурата, задолжителна употреба на маски и често чистење на површините во продавницата. Покрај дезинфекција на уредите во фабриката, телефоните наменети за изложување во продавниците исто така редовно се дезинфицираат.  

Вработените во Samsung дистрибутивниот центар ги подготвуваат Galaxy S21 телефоните за испорака до продавниците и клиентите ширум светот.
Samsung тимовите на малопродажба врши дезинфекција S21 телефоните и другите површини во продавницата, почитувајќи ги сите мерки за заштита.
Клиентите пристигнуваат во Samsung малопродажните локации за да го купат својот Galaxy S21 уред. Обучени продавачи им ги нудат своите стручни совети и препораки, помагајќи им на корисниците од прва рака да се запознаат со најновите уреди.
Претходна статијаСтариот Microsoft Edge ќе биде тргнат од Windows 10 во април, на негово место ќе биде инсталирана новата верзија
Следна статијаПознатата Speedtest апликација од Ookla добива дел за тестирање на видео стриминг