oneplus-3-1

OnePlus, познатиот кинески производител на смартфони, преку својот Twitter профил го најави претставувањето на нивниот најнов телефон. Кој ќе биде моделот, односно кои ќе бидат неговите карактеристики е оставено за денот на претставувањето кое е закажано за 15-ти ноември.

Единствена работа која е истакната во најавата е користењето на Snapdragon 821 кој ќе работи на 2.35GHz. Оваа најава веќе дојде и од производителот на чиповите Qualcomm. Иако ова не е првиот телефон кој ќе работи на овој чип, сепак се истакнува дека тој ќе работи на 2.35GHz, повеќе од конкурентите со овој чип.

Со тоа се покажува дека новиот OnePlus треба да биде еден од најмоќните телефони на пазарот, нешто што е карактеристично за овој производител.

Настанот на кој ќе биде претставен телефон ќе биде пренесуван во живо преку Facebook, па сите заинтересирани корисници и фанови на овој бренд, односно смартфони генерално, ќе може да го следат.

Иако, како и останатите кинески производител OnePlus ја следи праксата на пониски цени од конкурентните уреди од високата класа, за овој модел се очекува да има нешто повисока цена.

Извор: TechnoBuffalo

Претходна статијаLenovo дел од своите смартфони ќе ги преименува во Moto
Следна статијаПадот на Windows Phone
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.