Изгледа „трката“ во 2018 година помеѓу производителите на смартфони ќе биде за тоа кој прв ќе претстави модел со сензор за отпечатоци на прстите сместен под екранот. Епа се прашуваме, која ќе биде прв? Samsung, Vivo или како што говори сега најновата шпекулација дека тоа можеби ќе биде OnePlus.

Информацијата доаѓа од порталот GizmoChina, а ние ја најдовме преку TechnoBuffalo. Според оваа информација, OnePlus ќе го претстави својот нареден модел во март идната година, само 4-5 месеци по претставувањето на OnePlus 5T.

Најавите се дека како и досега, OnePlus 6 ќе ги има сите најнови достапни компоненти, како што е Snapdragon 845 чипсетот од Qualcomm.

Поважниот дел од оваа информација е дека OnePlus 6 ќе го вгради сензорот за отпечатоци за прсти во предниот дел, односно под екранот.

Оваа нова технологија, колку и да делува не толку важна, корисниците кои користеле вакви уреди, знаат дека се работи за мала, меѓутоа далеку од неважна работа. Знаеме дека во денешно време, дури и нешто што се прави за помалку од секунда, може да направи разлика во корисничкото искуство, а посебно што такви работи може да има 10тина.

Дефинитивно идната година ќе биде интересна трка помеѓу производителите кои стануваат се повеќе конкурентни помеѓу себе.

Извор: TechnoBuffalo, GizmoChina

Претходна статијаGaming-от ќе се вброи во листата ментални пореметувања
Следна статијаФацијално препознавање наместо акредитација на ОИ во Токио
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.