Фото: Thai Nguyen на Unsplash

Наредната генерација од Nothing Phone треба да биде претставена на почетокот од идниот месец, а за овој телефон беше најавено дека ќе биде доста посериозна конкуренција на најдобрите. 

Тоа значи дека Nothing Phone (3) ќе биде првиот телефон од компанијата со доста посилен и во истата година претставен чип, па корисниците можат да очекуваат доста подобра работа на нивните телефон, како и подобра можност за играње игри. 

„Навистина мораме да го надминеме нашиот претходен врвен модел, па во споредба со Phone (2), ќе биде 36% побрз во однос на процесорот, 88% помоќен со графичкиот процесор и 60% посилен со процесорот за ВИ. Во пракса, тоа значи дека ќе се чувствува многу побрз.“

„Сакавме да создадеме избалансирано искуство. Овој пат сè друго исто така е значително подобрено, па ни требаше уште помоќен чип за да го поддржи тоа. Луѓето ги користат овие уреди со часови секој ден, така што за нас се работи за создавање на целосно и заокружено искуство.“ – истакна Карл Пеи, основачот и директор на Nothing. 

Во објава на нивната страна, како и во видео во кое Пеи разговара за Phone (3), како и за тенките телефони кои оваа година се очекува да станат тренд, за слушалки, ВИ и повеќе, дознаваме дека новиот телефон ќе работи на Snapdragon 8s Gen 4. 

Ова значи дека Nothing Phone (3) сепак неме да биде баш „буквална“ конкуренција на другите од највисоката класа, но сепак ќе биде најбрзиот Nothing телефон досега. 

Видеото можете да го погледнете во продолжение. 

ИЗВОР9to5Google
ИЗВОР 2Nothing
Претходна статијаMicrosoft најави договор за повеќегодишна соработка со AMD за развој на чипови за наредните Xbox конзоли и други уреди
Следна статијаХабот на Еворпскиот Институт за иновации и технологии во Македонија и The Learning Curve организираа настан „Како стартапите да обезбедат паметно финансирање во 2025“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.