Фото: TechSpot.com

Денеска официјално започнува MWC 2022 настанот за технологија кој традиционално се одржува секоја година во Барселона. На овој настан обично гледаме доста нови уреди, а посебно од мобилните, па ова е и одличен настан корисниците да видат нешто и од другите производите во светот, не само од првите три најголеми.

Nokia, познатиот фински бренд кој сега е во сопственост на исто така финската компанија HMD Global, претстави три нови смартфони од најниската класа, па за дел од карактеристиките дури некој може за момент да се запраша дали се работи за нови уреди од 2022 година.

Nokia C21 Plus, Nokia C21 и Nokia C2 2nd Edition се трите нови телефони чија цена се движи од 80, па се до 120 евра. Ова е доста помалку и од доплатата која повеќето корисници ја прават кога купуваат нов телефон со попуст кај нивниот оператор.

Nokia C21 Plus доаѓа со 6,5 инчен екран со резолуција од 1.600 на 720 пиксели, 60 херци стапка на освежување и IP52 сертификација за отпорност на вода. Овој телефон работи на Unisoc SC9863A чипот кој има осум Cortex-A55 јадра кои работат до 1,6GHz. Корисниците имаат избор од 2, 3 и 4GB RAM, како и 32 или 64GB простор за податоци.

На задната страна се поставени две камери со 13 и 2 мегапиксели, додека на предната страна е поставена селфи камерата со 5 мегапиксели.

Телефонот има батерија со капацитет од 4.000 mAh, во некои пазари 5.050, а се полни со полнач од 10W.

Nokia C21 ги дели доста од карактеристиките на Plus моделот, а се разликува во камерите на задната страна каде главната камера има 8 мегапиксели, изборот на RAM е само од 2 и 3 GB, а батеријата е со капацитет од 3.000 mAh.

Овие два телефони се продаваат по цена од 100 и 120 евра, зависно од карактеристиките.

Nokia C2 2nd Edition е најевтиниот телефон од овие три и ќе се продава по цена од 80 евра, а соодветни се и карактеристиките. Телефонот работи со четири јадрен процесор до 1,5GHz, има батерија со капацитет од 2.400 mAh која се полни со 5W, има 2GB RAM, како и 32GB простор за податоци.

Екранот кај овој телефон е со големина од 5,7 инчи и резолуција од 960 на 480 пиксели и има една камера на задната страна со 5 мегапиксели, како и предна селфи камера со 2 мегапиксели.  

ИЗВОРGSMArena
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаДајте музика со најпосетениот музички концерт досега во Ист Гејт Мол
Следна статијаSamsung ги претстави Galaxy Book2 Pro и Galaxy Book2 Pro 360 со 12та генерација на Intel процесорите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.