Иако со нетрпение очекуван од корисниците кои сакаат да користат нови и различни уреди, а посебно од страна на фановите на Microsoft, сепак Surface Duo не успеа да привлече поголемо внимание. Оценките во главно беа одлични за изработката, а посебно за тоа колку се тенки двата дела од уредот на преклопување, но генерално функционалноста на уредот не беше нешто посебна.

Вакво нешто е и очекувано за прва генерација од нов производ, иако Microsoft не мораше да се одлучи да стави застарени компоненти и една камера.

Ова изгледа нема да ги предомисли од компанијата да претстават и втора генерација, која според неофицијалните информации се очекува за оваа есен. Според овие информации Surface Duo 2 ќе дојде со моментално најдобрите компоненти овој пат, а тоа значи дека може да се очекува Snapdragon 888, повеќе RAM, а исто така и три камери поставени во сега модерниот стил кај конкурентите, со поголем и забележлив модул.

Трите камери се очекува дека ќе бидат како што би се очекувало, односно една стандардна, една со широк агол и една за зумирање.

Заедно со информациите, достапни се и првите неофицијални слики од Surface Duo 2 кој оваа година ќе дојде и во црна боја, за разлика од само белата која повторно ќе биде достапна.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаДржавниот завод за индустриска сопственост потпиша Меморандум на соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“
Следна статијаФИТР: Поддржавме 10 стартап компании кои ќе ги пласираат производите во рамките на предизвикот „Стартап Херои”
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.