lumia-line

Софтверскиот гигант се чини веќе секој месец претставува нов паметен телефон од Lumia серијата, но сите од нив се наменети за пазарите во развој и се со ниска цена и послаби спецификации. Со лансирањето на Windows 10, Microsoft конечно ќе лансира два моќни Lumia телефони, кои ќе бидат знаменосците на серијата.

Кодните имиња на двата смартфони се Cityman и Talkman, но кога ќе бидат лансирани, најверојатно ќе ја носат нумеричката номенклатура на Lumia серијата. Cityman ќе биде таблет/телефон, со големина на екранот од 5,7 инчи и Quad HD резолуција од 2560х1440 пиксели, што значи дека веројатно ќе биде наследник на Lumia 1520. Како и повеќето паметни телефони од високата класа денес и Cityman ќе го има Snapdragon 810 процесорот со осум јадра, како и 3 GB рам меморија и 32 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување со SD картичка. Батеријата ќе има капацитет од 3300 mAh.

Talkman пак веројатно ќе биде наследник на Lumia 930 и ќе има 5,2 инчен екран со Quad HD резолуција, најверојатно Snapdragon 808 процесор (исто како кај LG G4), кој има две јадра помалку од 810-ката и батерија со капацитет од 3000 mAh, додека сите други спецификации ќе останат исти. И двата модели ќе имаат целосно нова Pureview камера со 20 мегапиксели, која треба да донесе значителни подобрувања на и така одличната камера која се вградува во Lumia 930 и 1520. Предната, селфи камера, пак ќе има сензор 5 мегапиксели, како и скоро секоја нова Lumia.

Сепак, спецификациите се само едната страна на новите Lumia телефони од високата класа. Имено, тие ќе доаѓаат со Windows 10, кој ќе отвори многу нови можности на софтверското поле. Така, ова веројатно ќе бидат првите паметни телефони во светот кои ќе можат да се поврзат со поголем екран и да се користат како компјутери со целосна десктоп околина, благодарение на Continuum можноста во новиот оперативен систем на Microsoft, нешто што веќе беше најавено на Build конференцијата.

Засега нема информации за тоа кога точно ќе бидат лансирани овие телефони, но според лична проценка, тоа би требало да се случи некаде во Септември, заедно со лансирањето на Windows 10 за телефони.

Извор: Techno Buffalo, GSMArena

Претходна статијаFacebook ќе хостира содржина од други веб страни?
Следна статијаСледете го вашето здравје со преносен ЕКГ уред за паметните телефони