Фото: MediaTek

MediaTek ја претстави третата генерација од нивните „All Big Core CPU“ чипови, Dimensity 9500. Почнувајќи од Dimensity 9300, од компанијата започнаа со ставање поголем акцент на перформансите од нивните чипови, а со тоа може да се каже дека станаа трет сериозен играч на пазарот. 

Dimensity 9500 доаѓа со главно процесорско јадро, ARM C1-Ultra, кое функционира до 4,21 GHz, заедно со уште три C1-Premium јадра, како и уште четири C1-Pro јадра. Овој осумјадрен процесор треба да овозможи сериозни перформанси, а ќе ги видиме и тестовите кои ќе излезат после претставувањето на телефони со овој чип. Како први кои ќе работат на Dimensity 9500 се телефони од Oppo и Vivo, кои ќе бидат претставени до крајот на годината. 

MediaTek најавува подобрување на перформансите до 32% кога се мери едно јадро, односно до 17% кога се мерат повеќе јадра во споредба со претходната верзија. Главното јадро треба да донесе до 55% помала потрошувачка на енергија. 

Чипот донесува и нова архитектура за „кеш“ и меморија, како и поддршка за 4 канален UFS4.1, со што се најавува подобрување на брзината на читање и впишување на податоци, како и работа со големи јазични модели за 40%. 

Јасно е дека голем дел од подобрувањата ќе бидат насочени и кон работата на вештачката интелигенција, а посебно се истакнуваат и графичките способности со ARM G1-Ultra графичкиот процесор кој треба да донесе можност за играње на игри со доста подобри карактеристики. 

Целата објава од MediaTek и деталите околу Dimensity 9500 се достапни тука

Претходна статијаWeekend.18 ги надмина сите очекувања – Рекордите се срушени, импресиите трајни
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.