huawei-ascend-p6

Ascend P6 е доста популарен телефон од Huawei кој стана достапен летото во 2013 година. Истиот доаѓа со Quad-Core 1.5GHz Huawei K3V2 процесор со 2GB RAM меморија, 4,7 инчен 1280×720 IPS екран и 8 мегапикселна камера, како и избор помеѓу 8/16 GB надворешна меморија и можност за приклучување на microSD картичка. Негова најпопуларна карактеристика е тенкоста, односно уредот е само 6,8 милиметри во дебелина, а исто така може да се каже дека со дизајнот потсетува на iPhone 4.

P6 моментално работи на Android 4.2.2, што значи дека телефонот ќе ја рипне 4.3 верзијата и ќе добие надградба директно на најновата 4.4 KitKat верзија. Според најавите корисниците може да ја очекуваат надградбата некаде во текот на Јануари идната 2014 година.

Претходна статијаЗапочна продажбата на Sony PlayStation 4
Следна статијаMozilla Firefox Australis достапен од денес во Nightly верзиите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.