Фото: Google

Наредната генерација од Pixel уредите ќе биде претставена на 20 август. Google го закажа нивниот „Made by Google“ настан на кој покрај телефоните, можеме да очекуваме и нови генерации од часовниците и слушалките. 

Карактеристично за компанијата изминатите години, Google го прикажа изгледот на еден од Pixel уредите во нивната продавница, па сега имаме претстава што може да се очекува. 

Иако не е познато за точно кој модел се работи од Pixel 10 серијата, сепак може да се заклучи дека не треба да се очекуваат некои големи промени во дизајнот, односно уредите ќе изгледаат скоро исто како ланските. 

Очекувањата треба да бидат насочени кон хардверот, а уште повеќе кон софтверот, а Pixel уредите секогаш ја добиваат чистата верзија од Android која ја развива Google за нив и се одлични за презентација на новите функции од системот. 

Вештачката интелигенција секако ќе биде голем дел од презентацијата на новите уреди, а Google може да се каже дека по малото доцнење на почеток, сега одлично се покажува со ваквите функции, посебно за смартфоните. 

Настанот ќе може да се гледа во живо на 20 август со почеток во 19:00 часот по македонско време, па ќе видиме што се ново ќе претстават од Google. 

Претходна статијаЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво
Следна статијаБронзен медал за Македонија на Европската олимпијада по информатика за девојки која се одржува во Бон, Германија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.